СТАДИОНОТ „ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ" ПОВТОРНО ДОМАЌИН НА ГОЛЕМ ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР
По само еден месец, стадионот "Петар Милошевски" повторно е домаќин на голем фудбалски натпревар.
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, ќе биде домаќин на репрезентацијата на Ерменија, за фудбалери до 21 година.
Натпреварот ќе се одигра денес со почеток во 17:00 часот, во рамките на 3-тото коло од квалификациите за пласман на европското првенство во 2027 година.
Откако стадионот "Петар Милошевски" ја помина инспекцијата на Европската фудбалска унија (УЕФА) и доби лиценца за втора категорија, се здоби со можност да биде домаќин на големи фудбалски натпревари.
Билети за натпреварот можат да се набават по електро ски пат на страницата на ФФМ, на следниот линк:
Ве повикуваме заедно да го поддржиме македонскиот фудбалски тим и да испишуваме нови фудбалски истории.