2win800x200

Работилница за превенција од врсничко и дигитално насилство во Битола

Ноември 07, 2025

Работилница за превенција од врсничко и дигитално насилство во Битола

 
На 6 ноември 2025 година, во ООУ „Гоце Делчев“ – Битола, се одржа едукативна работилница за превенција од врсничко и дигитално насилство, организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со Општина Битола. 1000008940
 
Фацилитатор на активноста беше м-р Фатма Бајрам Аземовска, која ја модерираше интерактивната работа со учениците и ги водеше дискусиите за препознавање и спречување на различни форми на насилство.
 
Во име на Мисијата на ОБСЕ, се обрати Ѓултен Мустафова, Национален програмски офицер, која ја истакна важноста на превенцијата, дијалогот и градењето на култура на почитување во училишната средина. 1000008939
 
Како претставник на Општина Битола, свое обраќање имаше Наташа Ташкова Поповска, која ја нагласи заложбата на Општината за континуирана поддршка на програмите за заштита на децата и младите, поттикнување на емпатија, соработка и безбедна училишна клима.
 1000008937
Говорници-
 
Доц. д-р Марина Кузмановска, психолог, и Наташа Беќирова говореа за емоционалните корени на булингот и улогата на љубовта, прифаќањето и самодовербата.
 
„Насилството често започнува од страв. А стравот го лечиме со поддршка и разбирање.“
 
Претставници од СВР Битола – инспектор Фарук Мемиќ, Мирјана Недановска и Ките Трајковски од Отсекот за превенција, се осврнаа на дигиталното насилство, злоупотребата на социјалните мрежи и важноста на пријавувањето.
 1000008936
Преку видео-сегменти од „Светот на Биби“, учениците ги препознаваа формите на насилство:
вербално, физичко и психолошко.
 
Во рамки на активноста „Ѕид на добрината“, учениците залепија зборови кои градат пријателство, поддршка и разбирање:
пријателство, храброст, почит, љубов, добрина. Пораки што беа  понесени:
 
-Насилството не е игра и не е „нешто што поминува“.
 1000008935
-Да се застане во одбрана на друг е храброст.
 
-Пријателството и почитта се градат секојдневно, со мали гестови.
 
-Секое дете има право на безбедност — во училиште и онлајн.
 
На работилницата учествуваа 50 ученици од осмо и деветто одделение од следните училишта:
ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ и ООУ „Д-р Трифун Пановски“.
 
Целта е јасна — подигање на свеста кај младите за препознавање, превенција и последици од врсничкото насилство, како и градење ставови на емпатија, поддршка и почитување во заедницата.
 1000008933
Заедно градиме училишта во кои владеат:
 
љубезностa, поддршкаta и прифаќањето. 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани