
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ученичката Јана Китановска од Гимназија ,,Јосип Броз-Тито" - Битола, под менторство на професорката по Македонски јазик и литература, м-р Симона Петровска, е меѓу трите најдобри на државно ниво, на литературен конкурс, на тема ,,Да ја доближеме правдата поблиску до граѓаните". Настанот беше организиран по повод Европскиот ден на правдата од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Советот на Европа во Скопје. Преку силата на својот говор, со моќни метафори и посебно чувство за доживување на убавото во уметничкиот израз, младата авторка упатува недвосмислена порака дека правдата треба да биде достапна до сите, а еднаквоста стремежот кон кој деноноќно треба да тежнееме. ,,Еднаквоста не бара совршенство, таа бара само разбирање."

