ООУ "Св.Климент Охридски" Битола го прослави патрониот празник. Во салата на Народниот татар Битола со свечена приредба беше одбележан денот на училиштето посветен на
својот патрон, големиот учител Св.Климент Охридски.
-Денес, кога одбележуваме 36 години од работата на нашето училиште со гордост можеме да кажеме дека остануваме верни на традицијата посветено да работиме, вложуваме во нашите идни генерации, втемелиме вредности кои ќе ги водат кон патот на остварување на подобра и посветла иднина", изјави директорот Предраг Созовски .
Покрај свечената манифестација училиштето во текот на целата недела имаше бројни активности, приредби од најмладите, работилници, хуманитарна акција и спортски натпревари.