БИТОЛА СТОИ ЗАД ШАМПИОНОТ!, објави претседателот на Советот на општина Битола, Бојан Бојкоски.
Бојкоски објави дека обезбедени се дополнителни 7.000.000,00 денари поддршка за РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР!
- Во комуникација со градоначалникот на Општина Битола, како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, предложивме дополнителни 7.000.000,00 денари за нашиот ракометен клуб и гордост на Битола РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР.
Предвидените дополнителни средства од предложените 3.000.000,00 денари се награда за освојување на шампионската титула во македонската ракоментна лига.
Целта е јасна:
Поконкурентен РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
Задржување на шампионската титула во Битола
Радост за навивачите и спортска гордост за градот, објави Бојкоски.