2win800x200

Моторџиите од МК „Конзули“ Битола на мотор им го однесоа Дедо Мраз на децата во ресурсниот центар „Кочо Рацин“ Битола

Декември 22, 2025
Моторџиите од Мото клубот  Конзули Битола денеска го однесоа Дедо Мраз да им подели новогодишни пакетчиња на децата од Ресурсниот центар „Кочо Рацин“ во Битола
-Денес ја имавме таа чест и големо задоволство, заедно со Дедо Мраз, да ги посетиме прекрасните дечиња од ОУРЦ „Кочо Рацин“ во Битола и да им поделиме новогодишни пакетчиња. Овој настан беше исполнет со искрени насмевки, детска радост и топлина, кои нè потсетија на вистинската смисла на празниците – споделување, хуманост и грижа за најмалите.
Нивната среќа и возбуда се најголемата награда за нашиот труд и мотивација и понатаму да продолжиме со вакви хуманитарни активности. Им благодариме на вработените во училиштето за топлиот пречек и посветеноста што секојдневно ја вложуваат во грижата и образованието на овие деца“, изјавија од од МК Конзули Битола.
602330974 839263435568208 8716041837526154317 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани