2win800x200

Бојкоски - Ново во Советот на Општина Битола - електронско гласање на седниците

Декември 23, 2025

Претседателот на Советот на Општина Битола Бојан Бојкоски, објави дека за работата на  седниците на Советот се воведува електронско гласање. Бојкоски вели дека мора да се потврди физичкото присуство на лицето кое е задолжено да изврши верификација. 

- Денес започнавме со нова, модерна практика во Советот на општина Битола!
Воведовме пилот-проект за електронско гласање, побрзо, поефикасно и потранспарентно од кога било досега.
На денешната Комисија за јавни дејности, членовите имаа можност практично да го тестираат системот, а во периодот што следи истиот ќе биде применет и на останатите комисии.
 Системот за електронско гласање е целосно изработен од вработените во ИТ одделението на општина Битола, без ангажман на надворешни фирми и со 0 денари дополнителен трошок, односно нема никакви финансиски импликации кон буџетот на општина Битола.
Ова е уште еден чекор кон модерна, транспарентна и одговорна локална самоуправа, во интерес на граѓаните на Битола, соопшти Бојкоски.
601864674 10236005355906001 5754927588727247620 n
602938428 10236005356426014 9184386232405629347 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани