
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Соопштение од ЈП Паркинзи Битола во врска со јавни објави на Независната група Поинаку
Повеќе пати ЈППЈЛП Битола било цел на “аполитичните” самопрогласени спасители на градот кои се здружени под име Здружение за граѓански развој „Поинаку“ Битола. Согласно основната култура сме ги игнорирале неоснованите и недолични напади со верба и надеж дека „аполитичните“ ќе се вразумат и ќе ја сфатат тежината на јавно искажаниот збор, односно одговорноста натој што со намера да омаловажи, со изјава, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази за друг понижувачко мислење и за штета нанесена на честа и угледот на лицето предмет на искажаните лаги и невистини. Сме имале разбирање дека сакаат да привлечат внимание врз себе со креирање на невистини, за што имногу пати од страна на „аполитичните“ Здружение за граѓански развој „Поинаку“ Битола, била злоупотребена и говорницата во Советот на општина Битола како алиби за да не се соочат со одговорност за искажаните клевети и навреди.
Но, гледаjќи дека неоснованите напади не престануваат ги повикуваме Здружение за граѓански развој „Поинаку“ да се извинат и јавно да се повлечатодклеветите и навредите искажани на Фејсбук и Инстаграм постот креиран на страните на „Поинаку“ на ден 13.01.2025 година, а со кои директно е повредена честа и угледот на ЈППЈЛП Битола и честа и угледот на законскиот застапник на ЈППЈЛП Битола.
Во спротивно ќе бидеме приморани да поведеме судска постапка за одговорност на Здружение за граѓански развој „Поинаку“ Битола за искажаните клевети и навреди.
Рокот за извинување и јавно повлекување е 3 дена.
Со надеж дека ќе преовлада здравиот разум кај Здружение за граѓански развој „Поинаку“ Битола ќе постапат по горенаведените барања со што и надлежните институции ќе ги оставиме да се занимаваат со суштински проблеми наместо со малодушни и неосновани фејсбук памфлети.
Со почит,
ЈППЈЛП Битола
