2win800x200

Малолетник на 17 години фатен да вози без возачка рано утрото во 4 и 30 часот

Февруари 07, 2026

Битолската полиција затекна двајца визачи без дозвола да управуваат моторно возило. На 07.02.2026  во 02:10 часот на бул. „1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.И.(30) од Битола. При  контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен" со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.И., при што било констатирано дека Д.И. не поседува возачка дозвола. По насоки од јавен обвинител, возилото е одземено и по документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

 
На 07.02.2026 во 04:30 часот на бул.„1 Мај“  во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 17- годишник од Битола, бидејќи бил затекнат како управува патничко возило „ауди" со битолски регистарски ознаки, без да поседува возачка дозвола. Возилото е одземено и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани