Битолската клиничка болница информира дека онколозите од Универзитетската клиника за Онкологија од Скопје продолжуваат со прегледи во Битола.
Термини за февруари:
Онколозите од Скопје продолжуваат со редовни прегледи во Битола
На Онколошкото одделение при Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола продолжуваат редовните прегледи од страна на онколози од Скопје.
По завршувањето на неопходните административни и законски процедури, соработката со УКРО продолжува непречено и во следниот период, со една цел - достапна и квалитетна здравствена грижа за пациентите од Битола и поширокиот регион.
Следни термини на присутни онколошки специјалисти во февруари:
13.02 – д-р Јулијана Стефановска
20.02 – д-р Симонида Црвенковска
27.02 – д-р Марина Иљовска