
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Клиничката болница Битола денеска информира дека добиена е согласност од министерот за здравство за соработка помеѓу Клиничката болница-Битола и Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија од Скопје со која се овозможува лекари специјалисти за онкологија и радиотерапија да вршат прегледи во онколошкото одделение на Клиничката болница во Битола.
„После секојдневните средби со болните со малигни заболувања, како и средбата со Лигата за борба против ракот, направени се интензивни преговори со директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија од Скопје д-р Игор Стојковски и докторите од оваа клиника, од чија страна наидовме на комплетно разбирање и подготвеност за ваков вид на соработка и се со цел за нашите пациенти да добиваат третман, односно прегледи и терапија на Онколошкото одделение во Клиничката болница во Битола“ изјави д-р Ненси Лозанче, директор на Клиничката болница во Битола.
Со оглед на годишните одмори, прегледите ќе се вршат еднаш до два пати неделно од страна на специјалистите од Клиниката во Скопје, а по завршувањето на годишните одмори бројот на денови за прегледи ќе биде зголемен.
В четврток на одделнието прегледи ќе врши д-р Владимир Ристовски.