2win800x200

FIS Rail Event i Национално првенство во сноуборд одржани на Пелистер

Февруари 20, 2026

FIS Rail Event и Националното првенство во сноуборд одржани на Пелистер! received 924087426800458

На 17 и 18 февруари 2026 година, на Ски Центар Копанки - Пелистер, се одржаа FIS Rail Event и Националното првенство во сноуборд, во организација на Фристајл Клуб 047. Натпреварите беа дел од официјалниот календар на Меѓународната скијачка федерација (FIS) и се реализираа на специјално подготвени елементи за оваа дисциплина каде натпреварувачите демонстрираа технички трикови, стил и високо спортско ниво. received 1740578390264520
Од домашните натпрерувачи, Слободан Саздовски и Ангела Ристевска се пласираа на подиум. received 2673819766327275
Во детската категорија најголемо внимание привлече Алексеј Крстевски, кој одлично парираше со повозрасните натпреварувачи. 
Настанот помина во добри снежни услови. И покрај тоа што беа во текот на работна недела, имвме домашни и регионални натпреварувачи од Грција и Србија.
Организаторите упатуваат благодарност до Ски Федерација на Македонија, Хотел Молика, Ски Центар Копанки, Национален Парк Пелистер и Маунтин Солушнс Пелистер како верни партнери во реализацијата на настанот..
 
Фристајл клуб 047 продолжува со својата мисија за развој на ски и сноуборд сцената во Македонија, промоција на младите таленти и позиционирање на земјата на меѓународната фристајл мапа. received 2767865546896901
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани