По повод празникот Велики поклади – Прочка, Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола, упати порака за простување, љубов и духовно издигнување.
-Денес кога небото и простува на земјата а човек на човека простува, да простиме и да се издигнеме над тие кои повредиле.
Простете и простено нека Ви биде од мене и од Бога,
зошто кој проштева тој љуби,
а кој љуби тој е од Бога.
Нека ни е честит и за многу години празникот Велики поклади, Прочка!, објави Коњановски