2win800x200

Вероника Кочов ги изложи своите цртежи на настанот "Инклузија преку игра - научи го нивниот јазик за да ја разбереш нивната игра"

Април 06, 2026

Надарената ученичка од Гимназијата "Таки Даскало" во Битола, Вероника Кочов изложи свои цртежи во рамки на настанот „Инклузија преку игра – научи го нивниот јазик, за да ја разбереш нивната игра“ FB IMG 1775493739367

Вероника Кочов во соработка со Adam's Art студио, ги изложи своите цртежи на платото пред Офицерскиот дом во Битола. Таа со своите дела испрати силна порака за разбирање, прифаќање и еднаквост.
Настанот го организира здружението ,,Невроразлични" со цел да ја подигне свеста за важноста на инклузијата во општеството, особено кај најмладите, преку играта како најприроден и најискрен начин на поврзување. Присутните имаа можност да се запознаат со уметничките дела, но и со пораката што тие ја носат, дека различностите не треба да не делат, туку да не зближуваат.
Фото Ивона Кочов FB IMG 1775493752541 FB IMG 1775493822217
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани