2win800x200

За едни ракометот во Битола е секојдневие, за други прво искуство

Април 06, 2026

За едни ракометот во Битола е секојдневие, а за други прво искуство! Здружението за развој на ромската заедница  Сумнал Битола објави - Во рамките на проектот „Мостови на пријателство“, поддржан од Европски солидарен корпус, продолжуваме да создаваме простори каде различностите стануваат сила, а пријателството – мост што ги поврзува сите.

 
На претходните активности, Михајло Сиљанов и Васко Димитровски дојдоа до едно важно сознание – иако Битола е позната како ракометен град, поголемиот  дел од нашите учесници никогаш немале влезено во салата „Боро Чурлевски“, ниту пак имале можност да присуствуваат на ракометен натпревар.
 
Токму затоа, оваа активност беше многу повеќе од обично присуство на натпревар.
Заедно ја исполнивме таа желба – бевме дел од атмосферата, навивавме со срце и ги бодревме младите од РК Еурофарм Пелистер.
 
За некого ова можеби беше секојдневие, но за нашите учесници – беше прво искуство, прва возбуда и чувство на припадност што долго ќе се памети. FB IMG 1775505542779
 
Зад секоја успешна активност стојат луѓе со визија – Михајло Сиљанов и Васко Димитровски, волонтери кои не само што организираат, туку и инспирираат, поврзуваат и менуваат животи. FB IMG 1775505501289
 
Затоа што токму во ваквите искуства се градат најсилните мостови – мостови на доверба, радост и заедништво. FB IMG 1775505603953
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани