2win800x200

Еко акција – зелена приказна за младите

Април 08, 2026

Денес успешно ја завршивме нашата еко акција. Дадовме една нова енергија, за младите. 

Заедно со средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“, создадовме зелена приказна. Оваа иницијатива ги обедини младите за заедничка цел – почиста и поубава средина.

Оставивме трага во училишниот простор во ООУ „Елпида Караманди“ и дворот беше темелно исчистен и уреден. Новозасадените зеленила внесоа свежина, и во просторот и во значењето на самата акција. Пред сѐ, поставивме видлив потсетник колку е важна активната грижа за природата. Тоа го направивме заедно, и оттука, поентиравме дека со ентузијазамот на младите, може многу да промениме.

Ваквата активност го истакнува и значењето на хортикултурата – уметност што ја оживува природата и ѝ дава естетска форма која директно се пренесува на секојдневието. Со избрани растенија, младите направија зелена композиција. Тука, посебно е значајна теренско-практичната работа, каде што знаењето од средношколците се пренесува кон почвата. 

Хортикултурата и умешноста на тие што ја пренесуваат во видлива форма, се приказ за неопходноста на овие категории во нашето општество.

Во акцијата активно учествуваа и ученици од ООУ „Елпида Караманди“, кои со својата енергија, покажаа дека малите чекори имаат големо значење.

Оставаме ова да биде инспирација за идни еко активности, а свесноста за грижата на природата да расте со новите растенија.

 

bbd760ec dd83 4a20 8b36 42b036b01bd0

761f21d2 21a8 44f5 9d39 a81571544ccc

84db13e5 ba0d 44d6 be22 25e23254c83c

82d13efc bcac 4fea acd4 847767e0ac34

1

2

c90f8415 9037 4f62 8cd3 e5b3fae31646

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани