
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На Педагошкиот факултет во Битола нема настава во зима бидејќи нема парно, рече студентот Александар Николовски на денешната прес-конференција во свечената сала на Владата, објваи СДК.мк . Темата на прес-конференцијата беше Предлог-законот за високо образование, а говори држеа премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, како и шестмината ректори на универзитетите во земјава. По завршувањето на официјалниот дел, само Николовски се пријави за коментар, претставувајќи се дека е дел од Координативното тело за реформи во високото образование и досегашен претседавач на Националното студентско тело и претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ. Николовски наведе неколку примери за диспропорција во инвестициите, како на пример за Универзитетот „Мајка Тереза“, Владата вложува 42 милиони евра за универзитет со околу 2.000 студенти.
„Инвестицијата за зградите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичка култура од 2015 изнесува околу 20 милиони евра за 6.000 студенти. За УКИМ (2025), капиталните инвестиции изнесуваат само 245.000 евра за 23.000 студенти. Државен универзитет во Тетово добива 100.000 евра инвестиции за 7.000 студенти. Поентата ми е дека треба да се внимава со финансирањето“, рече тој. Целиот текст на https://sdk
