2win800x200

Во Битола две предпремиерни проекции на филмот "Железната тврдина"

Април 17, 2026
На 17 и 18 април со почеток во 19:30 часот во Кино Манаки во Битола ќе се одржат две пред-премиерни проекции на филмот "Железната тврдина" во режија на единствениот македонски добитник на наградата "Златна палма", режисерот Митко Панов.
 
Железна тврдина е филм за кревки луѓе, кој од обична филмска работилница со штитеници на Психијатриската болница од Демир Хисар, прерасна во долгометражен филм во кој се раскажуваат најчовечките животни приказни...

Освен осумте штитениции на Психијатриската болницата, во главни улоги настапуваат и Синоличка Трпкова,
Пол Гордон (САД), Игор Џамбазов, Васко Тодоров (како Тошо Малерот), Стефан Шашков и Јасмина Котевска.

За разлика од физичкто здравје, менталното здравје и хигиена, се чест предмет на стигмитизција, додека лицата кои се соочуваат со такви проблеми истовремено се соочуваат и со феноменот на маргинализација.  Од таа перспектива, морален прерогатив на филмот Железна Тврдина, е подкревање на нивото на свест и информираност, со цел на надминување на таа друштвена стигма.  

На проекцијата ќе бидат присутни режисерот Митко Панов, Јасмина Котевска и Стефан Шашков од ЦКИ-Небо кои по проекцијата ќе одговараат на прашања од публиката.
7cb0c555 d4e8 4e31 b34a af7405fac400
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани