2win800x200

Нови инвестиции во хотел Молика и ски центарот Копанки

Мај 18, 2026

ОФИЦИЈАЛНО: НОВИ ИНВЕСТИЦИИ И РАЗВОЈНИ ПРОЕКТИ ВО ХОТЕЛ МОЛИКА И СКИ ЦЕНТАРОТ КОПАНКИ

ЕСМ МОЛИКА ДООЕЛ Битола продолжува со реализација на значајни проекти насочени кон унапредување на туристичката понуда, подобрување на условите за престој и развој на современа инфраструктура во Националниот парк Пелистер.
 Во рамки на развојот на Ски центарот Копанки, официјално е планирана изработка на физибилити студија и проект за изградба на мини акумулација и систем за водоснабдување и техничко оснежување на дел од скијачките патеки.
Овој проект ќе овозможи: Стабилни количини на вода за ВЕШТАЧКО ОСНЕЖУВАЊЕ
Подолга и посигурна зимска сезона
Подобри услови за рекреативци и спортисти
Подигнување на атрактивноста на Копанки како современ зимски центар
 Во текот на минатата година, на долната скијачка патека беа поставени рефлектори со што се создадоа услови за ноќно скијање, а оваа година активно се разгледува можноста за воведување на систем за вештачки снег. 
 Паралелно со овие активности, во фаза на изготвување е проектна задача за изградба на современ СПА и велнес центар во Хотел Молика, со цел дополнително подобрување на квалитетот на услугите и зголемување на удобноста за нашите гости.
 Во текот на оваа година е планирано и сеопфатно реновирање на хотелот, кое опфаќа:
• Реконструкција на задниот дел од објектот
• Обнова на фасадата и замена на надворешната дограма
• Реконструкција на водоводната и канализационата мрежа
• Целосно освежување и модернизација на хотелските соби
• Уредување и модернизација на летната тераса на ресторанот за уште попријатен престој во летниот период
Во изминатиот период успешно реализиравме повеќе инвестиции, меѓу кои:
• Поставување нов поден тепих на сите катови, прва целосна замена по повеќе од 30 години
• Замена на постојниот систем за хлорирање со современа автоматизирана опрема за дозирање и дезинфекција на водата, со што се обезбедува повисоко ниво на хигиенска исправност, стабилен квалитет и дополнителна безбедност на водоснабдувањето
Со овие инвестиции, Хотел Молика и Ски центарот Копанки продолжуваат да се развиваат како современа туристичка дестинација која нуди врвен комфор, безбедност и незаборавно искуство во срцето на Националниот парк Пелистер. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани