Во декември 2002 година, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 мај
за Светски ден на културната различност. Овој ден ја нагласува клучната
улога на меѓукултурниот дијалог за постигнување мир и одржлив развој и е
посветен на вреднување на културните разлики меѓу луѓето и земјите ширум
светот.
Општината денеска организираше настан на кој се обрати градоначалникот
на Битола Тони Коњановски, а беше присутен и претседателот на Советот
Бојан Бојкоски.
Општина Битола доследно по втор пат го одбележа овој ден, со цел да се
зголеми разбирањето за тоа колку е вредна културната различност. Тоа е
исто така средство за промовирање на четирите цели на Конвенцијата на
УНЕСКО за заштита и промоција на различноста на културните изрази
усвоена на 20 октомври 2005 година:
- Поддршка и промоција на одржливи системи на владеење за културата;
- Да се постигне избалансиран проток на културни добра и услуги и да се
зголеми мобилноста на уметниците и културните професионалци;
- Интегрирање на културата во рамки за одржлив развој и
- Промовирање на човековите права и фундаментални слободи.
Во одбележувањето на Светски ден на културната различност зедоа учество:
КУД „Илинден“, АФ „Гоце Делчев“, ФА „Битола“, ЦЕНТИФ „Етно Илинден“,
АФ „Плетенка“, Комуната на Власи, Здружение „Ромска ѕвезда“, Здружение
за Македонско-Српско пријателство, Здружението на Ракотворци Битола,
Македонско Турско здружение „Мустафа Ќемал Ататурк“ Битола, Здружение
„Нентори 22“ Битола, Хрватски културен центар„Марко Марулиќ“, а настанот
беше збогатен со две изложби фотрографии од стара Битола и фолклорни
мотиви.