2win800x200

ЗОО Скопје и Битола ќе се модернизираат по европски стандарди

Мај 22, 2026

По повод Меѓународниот ден на биодиверзитетот, денеска во Зоолошката градина во Скопје беше потпишан меморандум помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и зоолошките градини во Скопје и Битола со цел овие установи да се модернизираат и усогласат со европските стандарди.

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа нагласи дека денешното потпишување на маморандумот за соработка со двете зоолошки градини е вистински пример за тоа дека Министерството гради силни партнерства. Потенцира дека целта на Владата и Министерството е јасна – сакаат овие институции да ги трансформираат во модерни, европски центри.

– Центри кои примарно ќе се грижат за благосостојбата на животните, заштитата на дивиот свет и едукацијата на младите. Обезбедуваме долгорочна поддршка. Свесни сме дека заштитата бара ресурси. Затоа преку БИОФОН градиме стабилни финансиски механизми. Тие директно ќе ја поддржат работата на заштитените подрачја, екосистемите, но и развојот и проектите на зоолошките градини. Сегашните чекори се инвестиција во иднината, а свеста за природата се негува од најрана возраст. Затоа им благодарам на учениците што учествуваат во денешната изложба. Вие сте идните чувари на нашето природно богатство – рече Хоџа.

 

Тој истакна дека нашата земја има богато и ендемично природно наследство, кое е гордост, но и обврска за сите нас.

Како што нагласи, само со заедничка работа на институциите, научната заедница, граѓаните и младите – можеме вистински да го зачуваме.

– Мотото на овој ден – „Делување локално за глобално влијание“ нè потсетува на една едноставна вистина: заштитата на планетата почнува од нашиот сопствен двор – изјави министерот Хоџа.

Во рамки на настанот следуваше и разгледување изложба на едукативни цртежи подготвена од ученици од основни училишта. Присутните најмлади имаа можност да следат забавна активност на детскиот аниматор Кико магико. На настанот, следуваше едукативна прошетка со зоо аниматор, каде децата имаа можност поблиску да се запознаваат со ендемичните видови од Македонија и да слушнат интересни факти за нивната заштита и животните навики.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани