
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
100 млади стекнаа нови вештини, дел добија менторска поддршка, практична работа и можности за вработување100 млади стекнаа нови вештини, дел добија менторска поддршка, практична работа и можности за вработување Младински културен центар - Битола успешно го реализираше проектот „Лабораторија за младинско учење“, насочен кон поддршка и јакнење на младите со помалку можности преку развој на лични, професионални и претприемачки вештини.

Проектот се реализираше како дел од иницијативата „RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патишта за социјално претприемништво за младите со локалните граѓански организации во Северна Македонија“, финансирана од Европската Унија, а предводена од Младински Сојуз - Крушево во партнерство со Центар за истражувања и анализи „НОВУС“ и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“. Во време кога многу млади се соочуваат со ограничени можности за развој и вработување, проектот создаде простор за учење, поврзување и развој на идеи, со посебен фокус на младите кои се соочуваат со економски, социјални или географски бариери. Во рамки на проектот, 100 млади лица учествуваа на обуки за животни вештини и вештини за вработување.

Преку интерактивни работилници тие ги унапредија комуникациските вештини, тимската работа, подготовката за интервју и изработката на професионално CV, стекнувајќи поголема самодоверба и мотивација за вклучување на пазарот на труд. Дополнително, 15 млади лица беа дел од менторски процес за работна интеграција, преку кој добија индивидуална поддршка и насоки за професионален развој. Како резултат на процесот беа реализирани 2 едномесечни практични работни ангажмани и обезбедени 3 вработувања, што претставува значаен чекор кон економска активација на младите. Проектот вклучи и обука за социјално претприемништво на која учествуваа 10 млади лица. Преку практична работа тие се запознаа со концептот на социјално претприемништво и развој на одржливи бизнис модели. Како резултат беа изработени 5 социјални бизнис канвас планови кои нудат идеи за решавање локални општественипредизвици.

Покрај директната работа со младите, воспоставена е и неформална локална мрежа за развој на социјално претприемништво, која има за цел да поттикне поголема соработка меѓу граѓанските организации, институциите и бизнис секторот.„Веруваме дека младите треба да добијат реални можности за учење, развој и активно учество во заедницата. Преку проектот видовме колку поддршката, менторството и практичната работа можат да направат вистинска разлика во животот на младите луѓе“, велат од Младински културен центар - Битола.Проектот „Лабораторија за младинско учење“ покажа дека со соодветна поддршка и пристап до можности, младите можат да станат носители на позитивни промени, создавајќи идеи и иницијативи кои придонесуваат кон поинклузивни и поодржливи заедници.
