
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Утре, петок, 5ти јуни, во 18ч, пред Општина Битола, се организира мирен Меморијален собир, во чест на последната жртва на фемицид, 31 годишната А.В, жената што беше убиена од својот сопруг во месноста Баир во Битола. Овој собир е во организација на граѓани од ромската заедница, поддржани масовно од сите битолчани, за заедно да го кренеме гласот ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО, ПРОТИВ РОДОВО БАЗИРАНОТО НАСИЛСТВО И ПРОТИВ УБИСТВАТА НА ЖЕНИТЕ! Со овој собир масовно се осудува семејното насилство и убиствата на жени. Секоја насилна смрт на жена, е насилна смрт на цело едно општество!
- СТОП НА ФЕМИЦИДОТ СЕГА, најавуваат организаторите.
