2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Со неколку багремови садници не се решава аерозагадувањето, рече Христијан Мицкоски во Битола

Ноември 11, 2018

Меѓу битолчани владее незадоволство од неисполнетите ветувања на локалната и централната власт, рече при денешната посета на Битола, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

-Од она што утринава имав можноста да слушнам преовладува големо незадоволство, разочарување за сите неисполнети ветувања од локалната и централната власт,  стопирани се два клучни проекти-гасификацијата и топлификацијата, иако срдствата се обезбедени. Сведоци сме дека сега со ребалансот на Буџетот на РМ, средствата кои беа наменети за гасификацијата, поради некомпетентноста и неспособноста на оваа Влада, се пренаменети за долговите на општините, рече Мицкоски.

Зошто претставници на ВМРО-ДПМНЕ не учествуваа на денешната акција за пошумување околу РЕК Битола со 50 илјади садници, Мицкоски рече дека повеќе сака да зборува за суштината на проблемот со загадувањето, отколку за фолклорот.

-Со неколку багремови садници овој проблем не се решава, туку со обебзедување на еколошки енергенс. Ако успееше Владата предводена од СДСМ да го истурка проектот за гасификација и ако тој дојдеше до граѓаните на Битола, наместо да се користат разни отпадоци за затоплување на домовите, да се користеше гасот, тоа ќе значеше драматично намалување на загадувањето не само во Битола, туку и во други општини. Ако раководствто на РЕК Битола сериозно се зафатеше со проектот за затоплување со помош на отпадната пареа од технолошкиот поцес во РЕК Битола, за што беше обебзеден проект, дозвола за градба и средства, тогаш исто така ќе се влијаеше на намалување на загадувањето на Битола и околните општини, рече опозицискиот лидер.

Мицкоски денеска присуствуваше  на чествувањето на  100 годишнината од крајот на  Првата светска војна, што се одржа на Француските гробишта во Битола. Запрашан дали го дели мислењето со францускиот амбасадор Тимоние, дека Македонија е во процес  на помирување со соседите, со што е  камен темелник на  новата изградба на  Европа, Мицкоси рече дека Македонија никогаш не била скарана со своите соседи.

-Претпоставувам дека амбасадорот на Франција бил доволно прецизен и јасен што сакал да каже со неговата изјава. Инаку околу помирувањето со соседите, јас колку што се сеќавам Републиак Македонија ниту била скарана, ниту некогаш имала лоши односи со соседите, напротив Република Македонија од самиот почеток претсатвуваше оаза на мирот, имавме исклучително добра соработка со нашите соседи. А убеден сум дека Република Македонија многу скоро ќе ја добие заслужената шанса да биде дел од европското семејство бидејќи интерес на сите граѓани и сите политичари е Македонија да успее, рече Мицкоски

Тој на новинарско прашање рече  дека на Конгресот на Европската народна партија во Хелсинки што се одржа минатата недела, со сестринските партии разговарале околу состојбите во Макеоднија и во Европа.

-Со нашите сестрински партии разговаравме за политичкиот прогон кон ВМРО-ДПМНЕ во Македонија, за тешката економска состојба, за сите промашувања на оваа Влада, за сите криминални афери, за тесната спрега меѓу судството и Владата. Побаравме во рамките на нивните можности да лобираат Македонија што е можно побрзо да стане дел од европското семејство, рече Мицкоски, но не спомена што му порачаа големите европски лидери. Уште еднаш повтори, дека правосилната пресуда за поранешниот лидер на партијата, Ниола Груевски е полиички прогон

-ВМРО-ДОМНЕ е под тежок политички прогон од новата спрега Кацарска судството и СДСМ, но ВМРО-ДПМНЕ ќе го издржи ова, затоа што од ден на ден, партијата е   се посилна, додаде Мицкоски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани