Со биомасата од прочистителната станица да се покрива јаловината во РЕК Битола, предлага Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ

Декември 27, 2018

Биомасата што ќе се добива како нус производ од прочистителната станица во Битола, да се користи за покривање на одлагалиштето на јаловината во РЕК Битола. Ваков предлог понуди Иванчо Тошевси, советник од ВМРО-ДПМНЕ во битолскиот Совет, а денеска побара на седницата да се постави и точка на дневен ред „Изработка на физибилити студија за рекултивација на јаловината од РЕК Битола со биомасата од пречистителната станица“.

-Со ставање во функција на прочистителната станица, како нус продукт дневно ќе добивмае во 30 метри кубни биомаса. Од она што го направив како истражување и консултациите со луѓе упатени во оваа работа, заклучив дека најдобро е оваа биомаса со мала доработка да се користи за рекултивација, односно за покривање на јаловината во РЕК Битола, го образложи барањето Тошевски.

Тој посочи дека биомасата која ќе завршува на депонија, подобро е да се искористи за покривање на одлагалиштето, со што би се намалило и загадувањето од јаловината.

-Какво е загадувањето од јаловината е добро познато, а од друга страна таа биомаса од 30м3 дневно, согласно постоечкиот проект за прочистителната станица предвидено е да се одлагала во депонијата Мегленци. Ако се користи оваа биомаса за рекултивација , дневно би се покривала површина од 100 метри квадратни. Изработката на физибилити студија не би чинело повеќе од 300 илјади денари. Роковите за прочистителната станица согласно предвидениот договор се пробиени, но и со оваа динамика, би била готова во 2020 или 2021. Сметам дека сега е вистински момент да ја донесеме оваа одлука, затоа што ако изработиме оваа физибилити студија, во 2019 година би аплицирале до странски фондови, а во 2022 би можеле да стартуваме и со доработка на таа биомаса и паралелно би работеле на рекултивација на јаловината, рече Тошевски.

Но, мнозинсвото во Советот гласаше против оваа точка да се најде на дневен ред, а претседателот Валентин Груевски рече.

-Активностите на Општина Битола околу прочистителната станица се завршени, се очекува она што треба да го преземат повисоките инстанци, но во овој момент немаме доволно информации за да гласаме една ваква одлука, рече Груевски.

За изградба на прочистителна станица во Битола, обезбедени се 29 милиони евра, а  85 проценти од средствата се од ИПА фондовите на ЕУ,  7,5 милиони евра од Владата на РМ. Општина Битола од својот буџет обезбеди 17 милиони денари за експропријација на земјиштето. Прочистителната станица ќе ги опфаќа отпадните води од Битола,  Кравари и Долно Оризари, како и населените места во потпелистерието,  а со ова ќе се реши горливиот еколошки проблем со загаденоста на водотеците во Битолско. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани