АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ, денеска на конституирањето на новиот состав на Советот на Општина Битола гласаа против предлогот Валентин Груевски да биде новиот претседател на Советот. Без аргументи и неиздржани критики, опозиционите советници зборуваа за „популизам“ и„ неработење“ како да не беа тие до вчера на власт.
Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Иванчо Тошевски од говорницата рече дека предлогот Груевски да е претседател на Советот не е ништо ново.
-Граѓаните преку овие избори до сите нас упатија една јасна и силна порака дека имаат очекување од нас како нивни претставници во Советот, дека треба да покажеме едно ново ниво на политичка зрелост , предлогот кој вие го давате сметам дека не е ништо ново-рече Тошевски, додавајќи дека токму поради тоа што се работело за предлог кој е резултат на коалициски договор,„ ќе гласам против“, рече Тошевски.
Олга Лозановска,од ВМРО-ДПМНЕ , пак, образложи зошто таа не прифаќала советник од СДСМ да го види Советот.
-Вие истите кои сте тука присутни пред две години шетавте по улиците , шаравте, боевте, фрлавте со дрвја и камења по институциите на државата по истата оваа општина во која што сега седнавте-рече Лозановска.
Борче Димитровски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пак се обрати за првпат од говорницата заборавајќи дека до вчера неговата партија беше на власт во Битола.
-Времето и на кампањата и на популизмот заврши, треба да се зафатиме за работа и да не дозволиме флоскулата од типот „живот за сите“ , која е само една добро осмислена поента да не се презентира и на дело-рече Димитровски.
Валентин Груевски со мнозинство гласови е избран за претседател на Советот на Општина Битола.