АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По долго време гледаме градоначалник присутен во салата на Советот, се надевем дека тоа ќе биде често и нормално, рече Габриела Илиевска, советник од независната граѓанска иницијатива „Поинаку“ на денешената конститутивна седница на Советот на општина Битола на која присуствуваше и градоначалничката Наташа Петровска.Во изминатиот период екс градоначалникот Владимир Талески долго време не се имаше појавено во Советот, па советниците мораа на писмено да му ги праќаат прашањата.
Илиевска побара во иднина според одредбите на Статутот на општина Битола, да се избере заменик градоначалник на Петровска и да се овозможи пренос на седниците на битолските телевизии.
-Новата градоначалничка да ја потсетам дека според Статутот на општина Битола во рок од 60 дена од денот на преземањето на функцијата е должна со решение да го определи членот на Советот кој ќе ја заменува. Се надевам дека во следните 60 дена ќе го добиеме и тоа зашто овој совет предолго работи како што не треба и се надевеме дека тоа повеќе нема да се случува- рече Габриела Илиевска, советник од „Поинаку“.
За работата на Советот да биде што потранспарентна, Илиевска побараа седниците на Совет да имаат пренос на телевизија. „Поинаку“ денес го поддржа изборот на Валентин Груевски за претседател на Советот.
-Нашата поддршка денес значи конструктивност и секогаш ќе ја има овој совет доколку работи во интерес на граѓаните на општина Битола. Меѓутоа, секоја одкука која ќе биде партиска и ќе се коси со интересите на битолчани нема да биде поддржана и ќе биде критикувана- рече Илиевска.