2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во недела голем хуманитарен концерт „Пееме за Мери“

Јануари 30, 2019

Оваа недела, на 3 февруари, со почеток во 20 часот во Големата сала на Центарот за култура ќе се одржи хуманитарен концерт „Пееме за Мери“. На концертот ќе настапат Уникат бенд, Марија Цветановска, Кирил Стојчевски, Давид и Димитриј Стојчевски, Христијан Тришоски, Анастасија Центар –ориентални танци. Водител на концертот ќе биде актерот и стенд ап комичар Марјан Георгиевски.

 

Средствата од концертот ќе бидат донирани за 35 –годишната битолчанка Мери Тошевска на која ѝ се потребни 10 000 евра за операција која ќе се изведува во Турција каде ѝ ветуваат целосно излекување. Цената на влезницата е 100 денари, а в недела се очекува битолчани со посета на концертот да ја покажат својата хуманост.

Битолчанката Мери Тошевска веќе подолго време е неподвижна и во инвалидска количка. Пред повеќе години ѝ беше дијагностицирана мултиплекс склероза, но новите прегледи покажаа дека нејаверојатно станува збор за поврди на  р’бетот.

Ваков одговор добила Мери од Турција по направената магнетна резонанца на глава и р’бет, по што добила повик од болница во Едрене за целосно испитување и изведување хируршки зафат, кој би можел да и помогне за повтроно да застане на нозе и да функционира самостојно и без помагала.IMG ba8311288ca3c1c148c9bc688a3537a9 V

Мери е жена борец, мајка, која храбро се бори со предизвиците на животот и не потклекнува пред проблемите. Апла.мк минатата година пишуваше за нејзината животна приказна и бариерите со кои таа секојдневно се соочуваше движејќи се со инвалидска количка.

Во прилог се денарската и девизната сметка на  Мери Тошевска, каде може да се донира.

-Денарска Сметка
Мери Тошевска
210700000644798А
НЛБ Банка АД Скопје

-Девизна Сметка
Meri Tosevska
Ul.Partizanska Br.55/4-1, Bitola
IBAN Code MK07210501725644502
NLB BANKA AD SKOPJE
Majka Tereza Br.1
MAKEDONIJA
SWIFT TUTNMK22

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани