АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во три детски градинки, „Колибри“ во населбата Стрелиште, „Вангел Мајорот“ во Карпош и „Росица“ во населбата Буковски Ливади, се зголемува капацитет, а со опремување на три нови занимални, наскоро во овие градинки ќе можат да се сместат 75 новозапишани деца.
Целата инвестиција за овој проект за битолските градинки е Општина Битола, која одвои еден милион денари за трите нови занимални.
Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска ги посети објектите каде што е извршена реконструкција и опремување на трите нови занимални и посочи дека на овој начин, се намалува бројката на деца кои се на листа на чекање за сместување и престој во битолските детски градинки. Таа нагласи дека Општината бара решение за наталожената состојба со листата на чекање на деца за сместување во битолските градинки.
Занималните во овие три градинки имаат комплетно нова опрема, која се состои од масички, столчиња, гардеробери, шкафчиња, креветчиња, душеци, постелнина, теписи, а за кратко време ќе се доопреми и со дидактички материјали за секојдневно работење со децата.
Со отворањето на трите нови занимални, како и со отворањето на новата детска градинка во Кравари, за само еден месец намалена е листата на чекање за 115 деца.