АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советот на општина Битола денеска го пренесе правото на одржување и сервисирање на уличното осветлување во централното градско подрачје во Битола на ЈП „Комуналец“, дејност која во изминатите години беше во рацете на приватни фирми. Со ова треба да се подобри одржувањето на уличното осветлување, а за тоа ќе бидат издвоени средства и дополнително ангажирани вработени во ова јавно претпријатие.
-Со преземањето на одржувањето на уличното осветлување на ЈП“Комуалец“ веќе почна да се екипира за санација, реконструкција и промена на уличните светилки на територијата на Општина Битола, каде има 8000 светилки, а веќе 30 до 40 проценти, особено во руралните средини, екипата на „Комиуналец“ успеа да ги реконструира. Градот е поделен на 4 територии, а територија број 1 е централното градско подрачје, со денешната одлука на Советото на општина Битола, ЈП Комуналец од 18 февруари ќе премине кон санација и реконструкција на уличното осветлување токму во централното градско подрачје. Со тое сметаме дека веќе во пролетниот период ќе имаме друга слика со уличното осветлува во општина Битола . Треба да му дадеме простор на екипите кои во наредниот период ќе бидат комплетирани, па се надевам дека во иднина ќе имаме можност да расправаме на ова тема, а убеден сум, исто така , дека ќе има резултати од ова префрлање на обврските, рече Методија Илиевски, советник од СДСМ
Директорот на ЈП „Комуналец“, Панде Боговевски, рече дека веднаш ќе започне скринингот на состојбата на терен, со што јавното претпријатие ќе има комплетен увид во електричната мрежа на уличното осветлување, предуслов да делува и во подобрување на квалитетот.
-Ова јавно претпријатие сега ја презема обврската да интервенираме во уличното осветлување каде што има дефекти, обврска што во минатото ја имале приватните фирми за одржување на уличното осветлување. Тоа значи ако е прегорена сијалица ние ја заменуваме, а да се замени исправна сијалица тоа треба да се направи со нов тип на осветлување. Има места во градот каде уличното осветлува е слабо. Размислуваме тие исправни сијалици да ги замениме со лед сијалици на фреквентните места, а ќе бидат заменувани во текот на следната година . Сега ЈП „Комналец“ ќе се грижи за дефектите и проблемите, односно ќе делуваме за подобрувањ на квалитетот, а приватните фирми досега немале обврска да вложуваат средства во квалитетот, да заменуваат исправни сијалици со нови сијалици. Сега тоа ќе го работи ЈП „Комуалец“. По одуката да се пренесе правото кон нас, ние ќе направиме скрининг на ситуацијата на терен, уличка по уличка, ќе направиме пресек каде е потребно да се заменат исправните сијалици со нов тип на осветлување. Со тоа ќе ја подобриме мрежата, арматурата, каблите. Нема да чекаме изработка на студии, проекти и други документи. Советот ни го пренесува правото на одржување, а откако ќе ја запознаеме мрежата низ градот ќе подготвиме своја оперативна програма, а после првите 6 месеци ќе се видат првите резултати и ефекти, рече Богоевски
ЈП Комуналец поднесе барање до Советото на Општина Битола на 11 јануари за да го преземе правото на одржување на уличното осветлување, а со денешната одлука Советот ја задолжи градоначалничката Наташа Петровска со ЈП Комуналец за детално утврдување на правта и обврските