АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претставници на надлежните институции кои работата на процедурата за отворање на новиот граничен премин меѓу Македонија и Грција во Преспа, завчера одржаа работен состанок на локацијата Маркова нога, за размена на идеи за неговото функционирање
Спогодбата меѓу Грција и Северна Македонија за отворање на граничен премин кај Преспа, следната седмица ќе биде ратификувана од грчкиот Парламент, по што ќе следи и министерска одлука и соодветен претседателски декрет, соопштила алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу за време на состанокот во грчкото МНР за новиот граничен премин, јавува МИА
Анагностопулу ги повикала сите надлежни служби „на најдобар можен начин да го сторат она што е потребно за спроведување на спогодбата за граничниот премин“.
На состанокот бил презентиран текот на истражувањето (патно поврзување, градежни објекти за полицијата и царинските власти и сл.), а било разгледано и доставувањето предлог за приклучување кон Европската програма INTERREG.
-Како што е одредено во спогодбата, во рок од 30 дена од ратификацијата, ќе биде формиран Мешовит комитет на експерти за спроведување на договорот, во кој ќе учествуваат претставници од Грција и Северна Македонија, соопштуваат од грчкото МНР.
На состанокот било истакнато дека отворањето на граничниот премин е долгогодишно барање на локалното население од Преспа, поддржано од општината и надлежната периферија за надградување на поширокиот регион и за туристички развој.