АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Повеќе од еден час советниците од Советот на Општина Битола, на денешната седница се расправаа кој е виновен за состојбата во Битола со ланскиот снег. На дневен ред беше извештајот за функционирањето на Зимската служба во периодот 2018/2019 година.
Наместо предлози и идеи како да се подобри функционирањето на зимската служба, советниците повеќе од еден час изгубија на меѓусебни реплики и контрареплики, па едни на говорница прикажува слики со ланскиот снег, а други бранеа дека зимската служба годинава функционирала најдобро што може во временски неприлики какви што имаше изминатата зима.
Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Иванчо Тошевски, побара измени во дневниот ред и како точка да се постави разгледување на безбедносната состојба на територија на Општина Битола и донесување на итни мерки за дејствување на надлежните институции.
Методија Илиевски координатор на советничката група на СДСМ, побара на дневен ред да се најде и точката за давање согласност на ЈП „Нискоградба“ за цени за користење на полигонот во Битола.
Габриела Иливска побара дневниот ред да се доплни со точка за состојбата на улица во Горно Оризари, каде граѓните од 2013 чекале да се афалтираат 300 метри коловоз.
Мнозинството го прифати само предлогот на Ииевски, другите два беа одбиени.