АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Недостигот на сурово млеко го запре производството во сирењарата на Бимилк, а со тоа и извозот во САД. Намалениот сточен фонд во државата, го намали и производството на домашно млеко, а дефицитот за дел од млечните производи кои се извезуваат се надоместува со евапорирано млеко. Производите на Бимилк за домашниот пазар се од млекото откупено од домашните кооперанти, тврдата од млекарницата.
-Во моментот во Македонија недостасува сурово млеко, точно е имаме дефицит. Најмногу извезуваме во регионот, а со оглед дека сирењарата е конзервирана и нема производството во моментот, оној извоз што бил за САД сега го немаме. Тоа прашање не е затвореноно, туку е е во мирување, меѓудругото поради сосотојбите со млекото, рече Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на Бимилк.
На парашањето колкави количини евапорирано млеко увзеува Бимилк за да се надомести дефицитеот на сурово млеко, Петрушев не прецизирше.
-Не би можел да кажам точни и прецизни податоци, но дефицитотот најмногу се надоместува за извозните пазари, она што се продава на домашен пазар е од откупеното млеко од домашни производители 100 проценти, рече генералниот директор на Бимилк.
Петрушев рече дека за да се зголеми производството на млеко кај постоечкиот сточен фонд, тимови на млекарницата работат на терен со кооперантите за воведувае нови практики, а исто така има и субвенции за увоз на квалитетен сточен фонд.