АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Средномесечните концентрации на ПМ 10 честичките во Битола во април биле под максимално дозволените граници од 40 микро грами на метар кубен, а во последната недела од месецот може да се констатира исклучително чист воздух во Битола. Но, загрижуваат податоците за средномесечните концентрации за ПМ 2,5 честички кои на сите локации каде има мерни станици во градот се движеле над просечно пропишаните 10 микро грами на метар кубен. Ова е дел од Извештајот за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола објавен од платформата „Земи здив“.
Таа врши мерење преку седум сертифицирани мерни станици на Широк Сокак, Бадембалари, Областа, Јени Мале, Баир, Дрвен Пазар и Декорпод.
Прагот на 40 мг/м3 за среднодневните концентрации на ПМ 10 чесичките во текот на пет дена од април е надминат во реонот на Бадембалари,а не е забележано надминување на среднодневните концентрации на ПМ 10 на останатите локации.
Прагот од 25 мг/м3 на среднодневните концентрации на ПМ 2,5 честичките во воздухот во април е надминат повторно во реонот на Бадембалари и тоа во текот на 6 дена, а на останатите локации среднодневните концентрации на ПМ 2,5 нема надминување.
Во извештајот се наведува дека причина за надминатите концентрации на ПМ честичките во реонот Бадембалари според нивни сознанија е поради локални загадувачи, односно месното население кое пали отпад, особено кабли
„Просечната вредност на среднодневните кпнцентрации на ПМ честичките на територијата на град Битпла, каде се лоцирани седумте мерни станици од Платформата „Земи Здив“, укажува на тоа дека во текот на месец Април 2019 година, воздухот во градот бил генерално чист без пикови со високи концентрации на ПМ честички, кои посбно беа актуелни во текот на зимскитт период. Од самиот графикон се гледа дека битолчани дишеле најчист впздух во текот на последните денови од месецот, кога временските услови беа доста поволни со голема честина на ветер.“ се наведува во извештајот за април на платформата „Земи здив“.
Во извештајот уште се потенцира дека од 18 март мерната станица Битола 2 која е под надлежност на Министерството за животна средина не објавува податоци за присуството на ПМ 10 И 2,5 честичките, поради што не може да се направи споредбена аналзиа на податоците од државната мерна станица со податоците на мерните станици на платформата „Земи здив“
Платформата „Земи здив“ ја сочинуваат граѓанските здруженија Центар за европски развој и интеграција, Сфера Македонија, Геосфера, Јасмин и Младинската асоцијација ИМКА