2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Обука за одржливо управување со растителните видови на Пелистер

Мај 23, 2019

Собирачите на лековити, ароматични, овошни и шумски растителни видови се вљубеници во Националниот парк Пелистер и не ги оштетуваат растанијата, но некои од нив треба да внимаваат за себе да не оставаат ѓубре, апелираа ренџерите на денешната работилница од проектот „Одржливо искористување на растителни природни ресурси“ спорведен од Балканската федерација за одржлив равој, финансиран од ЕУ и УНДП.

„Добро е кога се работи за да се подобри состојбата на шумските производи, вниматерлно да се берат, да не се оштетуваат плодовите. Но, треба да ја зачуваме и планината во добра состојба. Еден апаел до оние што берат на Пелистер , да се внимава со ѓубрето. По бербата, знаат некои несовесни лица да остават ѓубре. Ја користиме планината, но не смееме да ја загадуваме. Имаме добивка, а оставаме ѓубре“, рече ренџерот Иљо Стеријовски.

Во рамки на проектот се врши мониторинг, мапирање на лековити, ароматични, овошни и шумски растителни видови, како и обуки на собирачите и ренџерите.

„Од тоа ќе прозилезат и квотите и одредување на биопотенцијалот, односно продуктивноста на одредени видови, за подоцна Министерството животна средина да може да одреди колку количина може да се собира“, рече Силвана Манасиевска, тим лидер на прокетот.

Собирачите на Пелистер добиваат легитимации, маркици и во последно време нема некои прекршувања на правилата од нивна страна.

„Линцурата како атрактивен вид е забранета за собирање и се води строго сметка кој , каде и како собира. Оние кои не го почитуваат ова се опоменувани. Имавме случај со непридржување на почетокот на собирање на боровинката оти таа треба да е биолошки здрела за да може да се собира и за оние кои вршеа такви прекршоци имавме и неколку случаи каде беа и покренати судски постапки. Потоа ситуација се стабелизира и немаме некои проблеми“, рече Пеце Цветановски од Националниот парк Пелистер.60697448 838258293196194 5558595482491551744 n

60888744 441754073270030 7309561930044145664 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани