АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ученици од Битола во соработка со Регионалното географски друштво „Геосфера“ и Астрономско друштво од Битола на едукативната изложба „Патување низ сончевиот систем“ сонцето го намалија 23 милијарда пати, како да е тениско топче, а постери и макети од другите планети ставија низ Широк Сокак.
„Со акцијата сакаме да го свртиме вниманието на младите, да ја возобновиме онаа идеја којашто пред повеќе години беше актуелна за изградба на мала опсерваторија на Тумбе кафе. Покрај сите работи во државата, треба малку да се внимава и на делот на науката. Децата навистина имаат голем интерес за астрономијата и сакаат да учествуваа во вакви активности“, рече Мите Ристов од „Геосфера“-Битола.
Во Битола, посебно во гимназијата „Јосип Броз Тито“ отсекогаш имало ученици заинтересирани за изучување на астрономија, но бидејќи нема Факултет за астрономија во земјава, туку само насока на Природно-математичкиот факултет, повеќето од нив заминаа да студираат во странство.
„Да не го заборавиме Александар Шулевски, кој е во Белгија, благодарение на него Астрономското друштво ѝ донира на ‘Геосфера“ телескоп не е со голема можност, но е доволен за да ги придобие сите вљубеници во астономијата“, рече Ристов.