АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Две лица се повредени во земјотресот што утрово е регистриран во близина на Корча, Албанија, јавуваат албанските медиуми. Тие се здобиле со повреди по главата и телото, откако врз нив паднал таванот од станот.
Серијата земјотреси во овој дел од Албанија, предизвикаа и материјални штети, разурнати се куќи, а населението е во паника, пренесува порталот korrieri.com.al. а најмногу штета е предизвикана во населбите со постари куќи. Eпицентарот е на 12 километри од Корча, каде населението не памети вакви земјотреси долги години, пишува korrer.com.al
Последниот земјотрес е регистриран во 9 часот утрово со магнитуда од 4,8 степени по Рихтер повторно во близина на Корча. Досега имашe 8 потреси, a најсилниот се случи во 6, 26 часот со магнитуда од 5 степени по Рихтер. Вториот земјотрес беше со иста јачина, само пократок и се случи седум минути подоцна, поточно во 6,33 часот. Потоа следуваше и трет со магнитуда од 4, 1 степени по Рихтер во 6,51. Следеа неколку помали потреси, а во 9 часот е регистриран земјотрес од 4,8 степени по Рихтер.