2win800x200

САМОРЕГУЛАЦИЈА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИ ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛИ

Јуни 13, 2019

Дури 77 проценти од жалбите што лани биле поднесени до Советот за етика во медиумите се однесувале на интернет портали, беше соопштено на денешната дебата на СЕММ во Битола за медиумската саморегулација. Од Советот за етика рекоа дека он лајн медиумите се посебна приказна бидејќи често пати кај дел од нив има нарушувања во почитувањето на Кодексот на новинари. Но, решението го гледаат во нивна саморегулација, а не воведување на дополнителни законски решенија.

 

„Ние се залагаме да се почитува саморегулацијата, интернет порталите да прифатат според одредени услови да станат дел од саморегулативното семејство, односно тие да го прифатат Кодексот на новинарите, дека ќе ја почитуваат саморегулацијата, дека ќе имаат објавено податоци за уредништвото, сопственичката структура, да се регистрирани како правен субјект. Со сето тоа тие прифаќаат и се залагаат дека ќе работат професионално. Не сметаме дека треба да постои дополнителна законска регулација во оваа сфера. Постојат доволно закони кои меѓу другото, го регулираат и известивањето на интерент порталите. Доколу таа регулартива се почитува и доколку институциите го спроведуваат законите, ќе нема проблем“, рече извршната директорка на СЕММ, Марина Тунева.

На дебатата „Медиумска саморегулација – резултати, предизвици, перспективи” во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) беше речено дека годинава зголемен е бројот на поднесени претставки. Ако лани биле 68, годинава до мај го има 40-та. Тоа укажува на зголемен обемот на работа на СЕММ  и потврда за зголеменото разбирање и свесност за потребата од медиумска саморегулација.

„Според жалбите најчестите прекршувања на Кодекстот се пласирање на неточни и непроверени информации. Кога не е точна информацијата тогаш е лажна вест. На второ место се претставките кога новинарот не прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Потоа, говорот на омраза и дискриминација, кои се кривични дела за кои може да се оди и до десет години затвор. Работите се влечкаат, но вината ја имаат обвинителите и судовите кои не ги земаат во свои раце работите за кои се задолжени. Тоа се трите главни прекрушувања на кодексот на новинарите“, рече Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби.

Тој рече дека дел од жалбите се однесувале на интернет портали кои немаат наведено ни адреса, ни сопственик, па не знаеле каде да ги контактираат. Исто така упати критика за некултурата на говор и етика што го применуваат некои електронски медиуми, кога во новинарскиот текст има недолични зборови и навреди.

„Он лајн медиумите се посебна пиказна. Има заговорници за нивна регулација, но во едно недемократско општество како македонското тешко би се согласил за регулирање на он лајн порталите. Тенденциите во светот не зборуваат за регулирање на портали, туку за регулирање на социјалните мрежи. Но, тоа се држави каде има висока демократска свест“, рече Адамчевски.

Претседателката на СЕММ Катерина Синадиновска истакна дека „процесот на саморегулација државата не смее да го користи за алиби за инертноста и слабите реакции во борбата против говорот на омраза, како едно од најчестите прекршувања кај онлајн медиумите“.

Ж. З. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани