2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Депресија, анксиозност, булинг во училиштата –преку проектот ,,My magical dust" учиме како до подобро ментално здравје и благосостојба кај децата

Јуни 22, 2019

ОУ „Тодор Ангелевски“-Битола успешно го спроведе проектот ,,My magical dust" кој имаше за цел да ги поврзе учителите и родителите во училиштата за доброто на учениците. Со овој проект се потенцираа некои од главните проблеми со кои секојдневно се среќаваат учениците, но често се занемарени. Депресијата и анксиозноста кај младите ученици и деца се во пораст, но прашањето е: колку често ние во суштина обрнуваме внимание на нивното ментално здравје и благосостојба?

-Големо е задоволство што нашето училиште е дел од овој голем меѓународен проект. Се ангажираме максимално со креативни активности да ги исполниме зададените проектни  задачи и подготвени сме за нови предизвици. Благодарност  до нашите ученици и нивните родители и секако до наставниците кои несебично придонесуваа за овој голем проект, вели директорката на ОУ „Тодор Ангелевски“, Љубица Стерјева.

Овој проект ги изучува 1 од 17 цели за одржлив развој на Обединетите Нации објаснети во 2030 агендата за ,,Здравје и благосостојба". Во овој проект учествуваат 30 држави, 1200 наставници и 30 000 ученици. Основач на проектот е Khurram Whiz од Пакистан.

nel 1

-Со учеството во овој проект имав можност да работам со учениците на теми кои сметам дека се важни за иднината на децата и за подобрување на квалитетот на образованието. Занемарувањето на менталното здравје на учениците негативно се одразува врз нив. Потребна е соработка помеѓу наставниците, родителите и стручните служби. Таквата соработка може многу да помогне во оформување на младата  личност која ќе биде спремна да се соочи со надворешниот свет. Целта на првата задача ,,Образованието во срце" беше учениците со помош на нивниот наставник слободно да се изразуваат. На таков начин да можат да откријат дали нешто им пречи и прави да се чувствуваат лошо на училиште или дома. Оваа задача успешно се заврши затоа што учениците слободно изразувајќи се изнесоа проблеми како булинг меѓу соучениците, осаменост, интернетот- како главен извор на среќа, вели за апла.мк  наставничката Нела Петровска, од ОУ „Тодор Ангелевски“-Битола, која е дел од овој голем проект.

nel 2

Во втората задача со помош на училишниот психолог Соња Крстеска, учениците се запознаа со анксиозноста. При разговор и презентација им беа предложени упатства за тоа како да се справат при ваква состојба.Во третата задача се поттикнува имагинацијата кај учениците, со цел да развијат социјални и емоционални вештини. Преку замислени ситуации децата учеа како да решаваат проблеми.

nel 4

Во проектот беа вклучени и наставниците: Јагода Мамузиќ, Мирјана Кимева, Лидија Стерјов, Татјана Чапкуноска, Весна Гагаловска, Соња Атанасовска, Мирјана Тасевска, Дивна Алиевска, Јасмина Ортаковска, Бисера Петровска Аргиновска, Гордана Георгиевска.

nas 2

nas1

t1

t2

т 4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани