2win800x200

Нела Петровска е новиот претседател на Друштвото на ликовни уметници во Битола

Април 11, 2021

 

Нела Петровска е избрана за нов претседател на Друштвото на ликови уметници од Битола.
 
Нела Петровска, родена во Битола, дипломирала во 2003 година на Националната академија на уметностите во Софија, на Факултетот за ликовна уметност, отсек Сликарство. Организирала самостојни изложби и учествувала и на повеќе групни изложби и ликовни колонии во Македонија и Бугарија.
Во последните петнаесетина години својата професионална енергија ја насочува кон едукација и пренесување на љубовта кон ликовната уметност на учениците во основно образование како наставник во ОУ „Тодор Ангелевски„ – Битола.
-Работата со ученици не е лесна, меѓутоа насмевката на децата, после успешно завршените ликовни проекти, овозможува сета тежина да се заборави, вели Петровска.
Нема достапен опис
 
 
ДРУШТВОТО НА ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ ОД БИТОЛА формирано е пред 47 години. Како здружение има одиграно важна улога за развивање и афирмација на ликовната уметност во Битола. Друштвото организира групни и самостојни изложби, печати и архивира ликовните настани. За одржување на друштвото низ годините имаат дадено свој придонес сите членови, учесници во уметничките совети и претседатели. ДЛУБ е голем дел од културата и уметноста во Битола.
Нема достапен опис
 
-Назначувањето за претседател на ДЛУБ ми претставува чест и задоволство. ДЛУБ е здружение кое, функционира 47 год и е едно од најстарите во државата. Оваа шанса е посебен предизвик за мене, затоа што ќе можам да придонесам во продолжување на традицијата и ќе влијаам во промовирање на ликовната уметност и потенцирање на важноста за истата. Секако, знам дека нема да биде лесно. Нема да биде лесно прво поради моменталната состојба и сите рестрикции кои ги има во време на пандемија. Дополнително, нема да биде лесно поради недоволните финансиски средства со кои моментално располага ДЛУБ. Меѓутоа, јас сум решена максимално да се посветам на работа, така што заедно со уметничкиот совет кој го сочинуваат: Маја Ковачевска, Кирил Т. Константин , Николче Српчански и Александар Поповски, како и сите членовите на ДЛУБ, заедно да ги реализираме целите кои ќе допринесат за подигнување на значењето на ликовната уметност и култура во нашиот град и државата Моите идни планови во однос на ДЛУБ се ангажирање на полето на ликовната уметност за збогатување на ликовниот живот во градот, преку - афирмација на членовите на ДЛУБ; - организирање на традиционалните изложби; - реновирање на просторот на ДЛУБ; - фокусирање на популизирање на ликовната уметност; - соработка со други институции, ликовни организации во остварувањето на културната политика на ликовното творештво; - организирање на курсеви, обуки и работилници во просторот на ДЛУБ; - потенцирање на важноста и улогата на ликовната уметност. Ова од причина што ниско ниво на визуелната писменост влијае на идните генерации, а со тоа и на општото ниво на културата во државата; - Фокусирање на развој на естетските вредности, односно препознавање што е убаво, со што се развива чувство за естетика, смета Петровска.
 
 Нема достапен опис
Како ликовен педагог, Петровска има  желба  младите да имаат поголем пристап до уметноста, да посетуваат изложби и преку курсеви и работилници да ги надоградуваат основните ликовни познавања, а со тоа да ја развиваат својата креативноста.
-Уметноста да се направи подостапна за сите. Посебно за тие за тие кои не можат да си дозволат да посетуваат платени приватни часови. Стекнувањето на визуелна писменост во свет во кои сме опкружени со визуелни пораки е многу важно. Речиси да не постои област која не е е опкружена и зависна од некое ликовно решение. Ја среќаваме насекаде околу нас: во просторот во кои живееме (архитектура/ентериер), облеката како и сите предмети кои не опкружуваат, дизајнот на производите и дизајнот на секоја комјутерска апликација, медиумите итн, вели Петровска во разговор за Апла.мк.
 
 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани