АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Бегалецот Мицкоски, кој вчера побегна од лидерска средба, поучен од неговиот ментор – бегалецот Груевски, како ноќна птица долета во Битола за да слави роденден на ненародна партија која наместо народните, во прв план ги става личните интереси, обвини на денешната прес конференција Борче Корлевски , портпарол на СДСМ -Битола.
Корлевски вели дека „само така ја разбираме дружината на Мицкоски која заедно со ВладимирТалески и останатите од тајфата, оставија голема горчина во минатото“.
-Господине Мицкоски, навредливо е токму во Битола да дојдете на торта, во градот кој токму вашите сопартијци го претворија во колевка на криминалот , го опустошија, до гуша ги заглавија неговите институциите и направија фајронт на општинскиот буџет. Заборавивте ли дека нашиот град е на 16 километри од границата со Европската Унија за која токму Вие се залагате да остане вечно затворена, создавајќи амбиент на нестабилност и простор за недобивање Датум за преговори со ЕУ.
Господине Мицкоски разбравме што синоќа таксавте, тоа се ЛАГИ за брзо враќање на власт, повторно немир и неизвесност за нашата татковина, за нашата држава која меѓународниот фактор ја оцени како светол пример на Балканот и во Европа, се обрати Корлевски.
Според СДСМ- Битола, во анкетите што ги пласира ВМРО-ДПМНЕ не веруваат нити анкетарите, а камоли граѓаните!
Корлевски накрај со порака -И, конечно...како добро воспитани битолчани, Ви посакуваме 30-от роденден на Вашиот огранок, да го славите во држава – 30-та членка на НАТО, за што придонесоа нашите прогресивни, а не Вашите деструктивни политики!, рече тој.