АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По завршувањето на тендерот за поставување на фотоволтаични панели на кој беше избрана фирмата изведувач „Енергом Груп“, потпишан е договорот со кој се официјализира стартот на новиот еколошки проект на јавното претпријатие „Пазари“од Битола.
Директорот Владе Атанасовски истакна дека ова е трет последователен еколошки проект реализиран во ЈП „Пазари“, откако претходно беа поставени нови лед сијалици во градскиот пазар, а во управната зграда е монтиран нов систем за греење на пелети. Поставувањето на фотоволтаичните панели на управната зграда, според Атанасовски, треба да даде придонес кон заштитата на животната средина и да ги намали трошоците при работењето на ова јавно претпријатие. Вкупната инвестиција на проектот е 1.100.000 денари.
ЈП „Пазари“ е првото јавно претпријатие во земјава, кое што ќе обезбедува електрична енергија од фотоволтаични панели.