АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈП „Пазари“ -Битола ги презема сите мерки за заштита од корана вирусот. Денеска комплетно се дезинфицирани Градскиот зелен пазар, управната зграда на ЈП „Пазари“ и објектите со кои стопанисува. Тргнувајќи од фактот дека Зелениот пазар е фреквентен и граѓаните секојденевно го посетуваат од ЈП „Пазари“ информираат дека секоја една тезга, пристапните патишта и одделот за храна и облека се комплетно дезинфицирани.
- Превентивна дезинфекција на сите објекти на претпријатието и Градскиот зелен пазар , а ќе се повторува и во иднина, по потреба.
- Редуцирани се на минимум директните средби со странки.
- Сите планирани поголеми настани и работни состаноци се одложени.
- Вработените имаат на располагање заштитна маска и ракавици, се само дел од мерките на ЈП „Пазари“.
Од „Пазари“ апелираат до сите соработници и корисници на услугите кои ги дава претпријатието, да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата, со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид 19 во нашата земја.