Webp.net gifmaker

Бербата и откупот на боровинки годинава ќе започне од 10 август, информираат од НП Пелистер

Јули 26, 2019

ЈУ НП Пелистер ја информира јавноста дека оваа година, заради биолошката зрелост на боровинката, на територијата на НП Пелистер, бербата и откупот на боровинки треба да започне од 10 август 2019 г..

Според тоа, НП Пелистер ги повикува и берачите и откупувачите на боровинка да го почитуваат ова соопштение и да се однесуваат согласно со законските обврски, за да нема потреба од примена на казнени мерки кон оние што нема да ја почитуваат оваа препорака.

Инаку, маркици и легитимации за берачите, можат да се добијат во просториите на НП Пелистер, секој работен ден, од 07-15 часот, информираат од   ЈУ НП Пелистер - Односи со јавноста.

сооп

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани