2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Ни велеа никој не го знае Црнобуки, но ние знаевеме дека таму имаме верни навивачи, рече фудбалскиот ветеран Горан Кадениќ

Јули 27, 2019

„За Црнобуки ни велеа што ќе правите таму, никој не знае тоа место на мапата каде е“, вели фудбалскиот ветеран од ФК „Партизан“ Горан Кадениќ. Тој го предводи тимот на „Партизан“ составен од ветерани, поранешни фудбалски ѕвезди кои денес играат ревијален натпревар со тимот ветерани од ФК „Црнобуки“.

„Прифативме да дојдеме зашто во Црнобуки има едно јадро на тврдокорни навивачи на 'Партизан' кои ги следат нашите натпревари на стадион во Белград, а во срцата ја носат црно-белата боја. Во ова време нема поубава работа освен онаа кога луѓето се сретнуваат за спорт. На третото полувреме се утврдува кој победи, оној резултат на зелената трева е малку повеќе ирелевантен, важно е дружењето пред тоа и потоа“, рече Кадениќ.67385578 469432053842554 7843871671441162240 n67459224 478772166031544 7830153258134929408 n

67510509 419673478643735 7462211604684210176 n

Натпреварот се одигрува како едногодишен помен од смртта на еден од големите навивачи на „Партизан“ од битолско, сега покојниот Трајан Кочишки –Куља од Црнобуки. Тој бил дел од тимот кој го изработил најдолгото навивачко знаме во Битола, а воедно и едно од најголемите поставено на стадионот на ЈНА. Средбата ја иницираше неговиот син Тодорче Кочишки, претседател на ФК „Црнобуки“ ЗЛ.

„Татко ми беше голем вљубеник во фудбалот. За жал, не доживеа да го види најголемиот успех на ФК Црнобуки кога успеа да се пласира во третата лига југо-запад. Почина, но од мали нозе мене и брат ми не научи да го сакаме фудбалот. Овој денешен настан е големо случување за спортот не само во Битола, туку и во целата држава“, рече Тодорче Кочишки.

Меѓу некогашните големи ѕвезди од „Партизан“ допатува и фудбалерот Небојша Вучичевиќ, кого го нарекуваат волшебник на топката и досега за овој тим одиграл 341 интернационален натпревар.

Ветраните од ФК „Партизан“ доделија плаќети на битолската градоначалничка Наташа Петровска и заменик министерот за локална самоуправа Дејан за помошта што ја дадоа за да се одржи натпреварот.

„За да го имаме овој настан денес во изминатиот месец општината се вложи со сите јавни претпријатија со многу стопански и приватни субјекти во градот целокупно да се среди инфраструктурата за да имаме услови за еден ваков настан кој значи промоција и на спортот“, рече Петровска.плаќета од ФК Партизан за Петровска

Присутен е и Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт кој рече дека ќе преземат мерки уште повеќе да се подобрат условите во Црнобуки за да можат таму да се одигруваат и други значајни фудбалски натпревари.

Ветераните од „Партизан“ рекоа дека како што денес локалните портали пренесуваат дека Црнобуки го донесе „Партизан“ дома, така во иднина ќе пишуваат дека ФК „Црнобуки“ е поканет да гостува на стадионот во Белград каде играле светски познати фудбалери.

Натпреварот во Црнобуки заврши 7 спрема 4 за ФК „Партизан“.   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани