АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 106 милиони денари за дополнителната субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка во преработувачки и откупувачки центри до 25 декември лани. Оваа интервентна мерка Министерството за земјодлество ја донесе со цел да се покријат загубите на овоштарите поради проблемите коишто се јавија при откупот на јаболка во ланската реколтата и да се ублажат последиците од временските непогоди во изминатиот период
-Денеска се исплатени 106 милиони денари, а на 2.100 овоштари им се исплатени одредени суми во зависност од предадените количества. Воедно на средбата со земјоделците ги поделиме и зелените картички на земјоделците за зелената нафта. Веќе една недела се делат зелените картички преку подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На средбата со земјоделците разговаравме и за сите други актуелни теми и активности коишто и ние како министерство ги планираме, а тоа се пред сè планските инвестиции за откупно-дистрибутивните центри, еден од планираните центри преку проектот на Светска банка треба да се изгради токму тука во Ресен“, изјави министерот Трајан Димковски, при денешната работна посета на Преспа и средбата со градоначалникот Живко Гошаревски,
Инаку, во Ресен беа поделени 2.156 зелени картички со вкупна вредност од околу 7,5 милиони денари, со коишто земјоделците од овој регион ќе имаат можност да точат гориво за земјоделската механизација, за што 30 отсто од трошоците покрива државата. Досега, вкупно се поделени 34 илјади картички, со вкупна сума од околу 88,5 милиони денари
На средбата со земјоделците беше разговарано и за мерките што Министерството за земјодлество ги презема за справување со негативните последици од климатските промени, при што министерот Димковски информираше за проектот за авионско засејување на облаците, за којшто УХМР ја финализира постапката за објава на тендер.
Градоначалниот Живко Гошаревски посочи дека од последното силно невреме што го зафати Pреспанскиот Rегион, се уништени 420 хектари, а општината забрзано работи на подготовка на елаборатите со цел земјоделците побрзо да бидат обештетени.