2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Споменикот на Филип Втори во Битола ќе се обележи дека е од античкиот период

Август 14, 2019

Споменикот на Филип Втори во Битола нема да се отстранува туку  ќе се обележи дека тоа е споменик од античкиот период, од еленистичкиот период.

 

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска изјави дека Одлуката на Владата за отстранување на симболот на Сонцето од Вергина е за општините, државните и локални институции и оти се импелементира сега согласно Преспанскиот договор.

На новинарско прашање за општините кои на своите знамиња и грбови го имаат Сонцето на Вергина, министерот за локална самоуправа смета дека тие треба да ги променат симболите.

– Се согласувам дека тие треба да ги променат симболите, а мислам дека за спомениците кои се во некои градови треба само да се обележи дека тоа е споменик од античкиот период, од еленистичкиот период. Не да се отстрануваат, туку во фуснота да се наведе од кој период е конкретниот споменик. Мислам дека тие се неколку, за Битола, Прилеп, како спомениците  од Александар Македонски, Филип Втори итн, посочи Милевски.

Според министерот Милевски „Одлуката на Владата е за локалната самоуправа. Сонцето на Вергина е тргнато од знамето од 1995 година, така да не знам зошто сега се отвора тоа прашање. Преспанскиот договор е јасен, тоа да не се користи за државните институции, се разбира и за локалните институции и сега дојде моментот таа одредба да се имплементира. Преспанскиот договор е прифатен од Собранието со двотретинско мнозинство и граѓанитие се запознаени со чекорите што следуваат, изјави Милевски.

Во однос на приватното користење на симболот, Милевски рече дека тоа не може да се забрани.

– Јас лично не знам доколку сакам да го користам, кој би можел да ми забрани. Сигурно во дворовите во Грција може да се користи било што и никој не може да го забрани. Исто и тука на еден приватен имот кој сака може да си стави. Не е ова инквизиција да ги гониме луѓето, но државните институции треба да го почитуваат законот, а  за непочитување на законите се разбира има санкции, рече Милевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани