АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерството за внатрешни работи во координација со УЈП, вечерва почна акција во прилепските и битолските локални.
Се претресуваат ресторани, кафулиња, барови за нелегално точење на алкохол на малолетници, непочитување на законот за пушење, неиздавање на фискални сметки и други недозволени активност, објави неофицијално Тера телевизија
Засега нема информации колку локали се предмет на полициска проверка.
Пред една недела, ваква акција МВР спроведе во главниот град, при што беа ставени пломби на вратите на 13 скопски локали.
извор Tera.mk