АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На Светското првенство во стрелаштво што се одржува во Сиднеј, Оливера Наковска Бикова настапи во дисциплината П2-воздушен пиштол жени и го освои 4-то место.
Во квалификациите Оливера стрелаше најдобар резултат од 28-те натпреварувачки, 571 круг и супреиорно се пласира во финалето. Тоа воедно е и трет по висина резултат во историјата на стрелаштвото откако жените стрелаат 60 истрели. Во финалето, по истреланите 20 истрели го зазеде конечното 4-то место.
Малку потфрли во првата половина од финалето и со оглед на тоа дека се само 24 истрели, тешко беше да се надокнади пропуштеното, иако Оливера се бореше лавовски. Одличен резултат и голем успех на македонската спортистка. За жал, Оливера ја прекин традицијата на освојување на медали од Светските првенства која ја започна 2002-та година во Сарганс, Швајцарија. Од тогаш, па наваму, секогаш освојуваше барем еден медал на светските првенства. Овојпат застана на чекор од него.