Благоја Стефановски-Баге добитник на наградата 4-ти Ноември за животно дело

Октомври 31, 2019

Благоја Стефановски-Баге е годинешниот добитник на наградата 4-ти Ноември за животно дело што Општина Битола ја доделува  по повод Денот на ослободувањето на Битола. Колегите од Битолскиот народен театар го предложија Стефановски за оваа награда.

Стефановски е актер по професија , поранешен директор на Битолскиот народен театар и поранешен министер за култура.

Благоја Стефановски е роден во Битола на 7 март 1953 година. Дипломирал на отсекот за драмски актери на Факултетот за драмски уметности во 1975 година.  Од 1975 до 1980 година бил директор на Битолскиот народен театар. Бил претседател на Фестивалот „Браќа Манаки”, претседател на Советот и селектор на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето” и претседател на Фестивалот „Војдан Чернодрински”.

Од 1994 до 1998 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Од 1 ноември 2002 година до 6 јули 2006 ја извршува функцијата министер за култура.

Годинава општината ќе додели и седум едногодишни награди односно признанија и тоа на Васко Михалчев, Ѓорги Лазаревски, Градинката „Мајски цвет“, Марија Росенгрен, Марија Младеновска-Димитровска, Јасмина Буневска и печатницата Киро Дандаро.

А.Б

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани